Поглаварот на Руската Православна Задгранична Црква во посета на Јужна Кореја
 
 
 
 
 

Поглаварот на Руската Православна Задгранична Црква во посета на Јужна Кореја (24.06.2009)

Од 22-25 јуни Поглаварот на Руската Православна Задгранична Црква Митрополитот Њујоршки и Источно-Американски Иларион е во посета на Јужна Кореја.

Руската Православна Задгранична Црква има своја мисија во Јужна Кореја, чијшто основател е протоереј Јустин Канг, кој многу години го носеше нелесниот труд на проповедта на словото Божјо, на преведувањето на корејски јазик на богослужбените книги и делата на Отците на Црквата, на држењето предавања за православната вера.

Отец Јустин, а исто така и неговата мајка Елена решија да го посветат животот на монашкиот подвиг, така што нивниот потстриг за време на својата посета ќе го изврши Митрополитот Иларион. Исто така Владиката ќе го ракоположи во свештенички чин и ѓаконот Павле Канг кој потоа ќе ја возглавува Православната мисија во Кореја.

Извор: Благовест-инфо