Во агенцијата „Интерфакс“ се одржа прес-конференција во врска со резултатите од посетата на Рускиот Патријарх Кирил на Цариградската Патријаршија и на Анкара
 
 
 
 
 

Во агенцијата „Интерфакс“ се одржа прес-конференција во врска со резултатите од посетата на Рускиот Патријарх Кирил на Цариградската Патријаршија и на Анкара (10.07.2009)

На 7 јули 2009 година за време на прес-конференцијата во агнецијата „Интерфакс“ претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Архиепископот Волоколамски Иларион и заменикот на претседателот на ОВЦС МП протоереј Николај Балашов ги запознаа претставниците на средставата за масовно информирање со резултатите од првата официјална посета на Рускиот Патријарх Кирил на Цариградската Патријаршија и на главниот град на Република Турција - Анкара.

„Резултатите од посетата ги надминаа и сите наши најсмели очекувања, и ние заминавме од Цариград со најсветло и најохрабрувачко расположение“ - истакна Владиката Иларион, отворајќи ја средбата. Тој ги запозна новинарите со прашањата разгледани во текот на двостраните преговори меѓу Цариградската и Руската Православна Црква. Меѓу нив постои не едноставна ситуација, која се разви во Естонија откако таму е основана структурата на Цариградската Паријаршија во 1996 година; сложената ситуација во Украина, во која Цариградската Патријаршија на овој или оној начин се обидува да се вмешува; низ на сериозни несогласувања на темите како пастирско раководење на дијаспората и давање автокефалност на Автономните Цркви.

Изминатата посета беше прва официјална посета на Рускиот Патријарх Кирил, бидејќи Цариградската Црква се наоѓа прва во диптихот на Помесните Православни Цркви. Меѓутоа, посетата излезе далеку од рамките на протоколарен чин, изјави владиката Иларион. „Поточно, таа отвори нова страница во меѓусебните односи на Царигардската и Московската Патријаршија, како и во меѓуправославната соработка, а исто така и во надворешните односи на Руската Црква. Одржаната посета означува премин од епохата на конфронтација кон периодот на соработка“, - го изрази мислењето претстедателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија.

Во текот на преговорите Поглаварот на Руската Православна Црква му го предложи на својот собрат Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, новиот формат на меѓусебни односи, засновани на принцип на меѓусебна доверба и помош. „На тој начин, несогласувањата, кои постојат меѓу нас, должни сме да ги разгледаме во отворен и правилен дијалог, спомнувајќи си за тоа дека во тој дијалог не може да има победници и победени, - продолжи архипастирот. – Тоа треба да биде дијалог којшто ќе помогне да се решат проблемите од позициите на двете страни. Освен тоа, во иднина ќе се трудиме да бараме патишта за излез од сложените ситуации на билатерално ниво, не изнесувајќи ги на општ преглед и дискусија“.

Порано имало примери за тоа делегациите на Цариградската и Руската Православна Црква да се судрат меѓу себе на отворени конференции, на кои се собирале не само претставници од православниот свет, но и инославни христијани, напомна архиепископот Волоколамски Иларион. „Сега ние го напуштаме овој модел“, - истакна тој.

„Посетата на Рускиот Патријарх Кирил на Цариградската Патријаршија се разликува од сличните посети на неговите претходници и со тоа што тој беше одбележан со уште една димензија: покрај црковната компонента беше вклучена и светската. Така, Поглаварот на Руската Православна Црква се сретна не само со Цариградскиот Патријарх Вартоломеј и архиереите на Цариградската Црква, туку и со премиерот на Турција Р. Ердоган, со раководителот на Управата за религии при Владата на Турската Република А. Бардакоглу“, - посебно истакна претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија.

Учесниците на средбата ја разгледаа важната тема, која во претходните години не беше толку актуелна – пастирското раководење на сонародниците, коишто живеат во Турција или кои ја посетуваат оваа земја. „Сега, според податоците на Руската Амбасада, само во една Анталија постојано живеат околу петнаесет илјади Руси регистрирани во конзулатот. И ако се зборува за оние луѓе кои доаѓаат во Турција на одмор, тоа значи дека вкупниот број годишно е околу два милиони луѓе. Повеќето од нив се православни луѓе, кои во деновите на големите празници би сакале да одат на црква и да учествуваат во Светите Тајни“ – рече Владиката Иларион.

Освен тоа, во Турција се наоѓаат мноштво христијански светињи, и по бројот оваа земја се споредува со таквите места на масовно поклоништво како Светата Земја. Затоа, „туризмот со цел на одмор на топлото море може многу успешно да се комбинира со поклоничко патување на светите места“, смета архиерејот.

Истакнувајќи дека поради трагичните историски околности Цариградската Патријаршија се наоѓа денес во многу сложена положба, бидејќи оние луѓе, кои ја составуваат нејзината паства во Турција – претставници на грчката дијаспора – се сè помалку и помалку (според различните проценки тие се од 1,5 до 3 илјади, а тоа е многу малку за нормално постоење на Патријаршијата), претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија изјави: „Русите, кои сега сè во поглем број ја посетуваат и престојуваат во Турција, а исто така претставниците на другите православни народи, на пример, Романците, кои во последно време во голем број доаѓаат во Република Турција, исто така би можеле да ја составуваат паствата на Цариградската Црква. Сега сме подготвени да соработуваме со Цариградската Патријаршија во пастирската грижа на тие луѓе; ние сме подготвени таму да пратиме свештеници за тие привремено да бидат свештенослужители на Цариградската Патријаршија; ние сме подготвени да пружаме помош во реставрација на храмовите; ние сме подготвени за изградба на нови цркви за нашите сонародници и за сите православни луѓе кои ќе посакаат да се молат во нив“.

На тој начин, прашањата, кои се разгледаа за време на посетата на Рускиот Патријарх Кирил „се залог за апсолутно нов формат на односи“, и нова етапа во нивниот развој може да стане првата по многу години официјална посета на Московската Патријаршија од страна на Поглаварот на Цариградската Православна Црква наредната година. „Рускиот Патријарх Кирил го покани Патријархот Вартоломеј идната година официјално да ја посети Руската Православна Црква. Ваква посета, со исклучок на доаѓањето на Патријархот Вартоломеј на погребот на починатиот Патријарх Алексиј II, во последниве години воопшто не била остварена, исто како што немало формат во кој двете страни врз основа на доверба можеле да ги решаваат своите проблеми“, - соопшти архиерејот.

Архиепископот Волоколамски Иларион изрази надеж дека и последните посети на Помесните Православни Цркви ќе бидат одбележани со укрепување на меѓуправославните односи, меѓухристијанскиот и меѓурелигиски дијалог, со цел Руската Црква да ги возобнови тие врски, кои биле раскинати и ослабени во последните години, и дека надворешната дејност на Московската Патријаршија ќе се искачи на ново, многу повисоко ниво“. 

„Не си спомнувам на толку успешно случување кое беше во толку позитивна атмосфера во историјата на меѓусебните односи на Цариградската и Московската Патријаршија“ – рече о. Николај нагласувајќи уште еднаш: „Во текот на посетата беше направен повик за соработка, страните го поддржаа градењето на нови односи“.

Се надеваме дека посетата „ќе има долготрајни резултати“ и дека на „пријателскиот, великодушен чекор на Рускиот Патријарх Кирил ќе следи ист таков одговор од неговиот собрат Цариградскиот Патријарх Вартоломеј“, заклучи Николај Балашов.

Извор: Патриархиа.ру