Иконата на Божјата Мајка „Знамение“ донесена во Курск
 
 
 
 
 

Иконата на Божјата Мајка „Знамение“ донесена во Курск (05.10.2009)

На 1 октомври 2009 година, за време на работниот престој во Курск, претседателот на Руската Федерација Д.А. Медведев го посети Знаменскиот катедрален храм, каде што за поклонение на верните беше донесена една од главните православни светињи – Курската икона на Божјата Мајка „Знамение“, соопштува официјалниот сајт на претседателот на руската држава.

Иконата била изнесена од Русија во 1920 година и стана главна светиња на Руската Православна Задгранична Црква. Од 1957 година се наоѓа во Знаменскиот храм во Њујорк. Во септември 2009 година чудотворната икона првпат после многу децении беше донесена во Русија од официјалната делегација на Руската Православна Задгранична Црква.

Претседателот на државата исто така во Курск се сретна со делегацијата на Руската Православна Задгранична Црква возглавена од нејзиниот поглавар Митрополитот Источно-Американски и Њујоршки Иларион.

 

Извор: Патриархия.ru