Цариградскиот Патријарх Вартоломеј отслужи молебен во присуство на руски поклоници
 
 
 
 
 

Цариградскиот Патријарх Вартоломеј отслужи молебен во присуство на руски поклоници (18.12.2009)

Со благослов на Неговата Светост Рускиот Патријарх Кирил, група поклоници предводена од секретарот на Московската Патријаршија за надворешни институции Епископот Егориевски Марк, замина на поклонение на светите места во Турција.

Организатор на патувањето е Поклоничкиот центар на Московската Патријаршија.

 

Покрај 60 мирјани, во патувањето зедоа учество Епископот Бобрујски и Буховски Серафим и клирици на неколку руски и белоруски епархии.

Утрото на 16 декември поклониците зедоа учество во Божествената Литургија во соборниот храм на свети великомаченик Георгиј во Истанбул.

По завршувањето на Литургијата Неговата Светост Цариградскиот Патријарх Вартоломеј отслужи молебен. На Неговата Светост му сослужуваа архиереите и духовништвото од Московската Патријаршија.

После молебенот Поглаварот на Цариградската Патријаршија им се обрати на собраните со пригодна беседа.

Потоа Неговата Светост Вартоломеј разговараше со Епископите Марк и Серафим.

Во седмодневната програма на поклоничкото патување плнирана е посета на храмот на Света Софија во Истанбул, богослужение во храмот на свети Николај Чудотворец во Мира Ликиска (Дерме) и храмот на свети Јован Богослов во Кушадаси. Поклоничката група се враќа во Москва на 21 декември.

 

Извор: Патриархиа.ру