Мисија на епархијата на Московската Патријаршија во Шпанија и Португалија
 
 
 
 
 

Мисија на епархијата на Московската Патријаршија во Шпанија и Португалија (24.11.2010)

На 20 ноември 2010 година во Мадрид се одржа собор на свештенството на Корсунската епархија за Шпанија и Португалија (Московска Патријаршија). На соборот, на кој му претходеше Божествена Литургија, присуствуваа сите клирици од оваа област: дванаесет свештеници и тројца ѓакони.

Отворајќи го соборот, надлежниот епархиски архиереј, архиепископот Корсунски Инокентиј го претстави новиот викарен архиереј Епископот Кафски Нестор. Владиката Инокентиј го истакна растот на парохии и евхаристиски заедници – пред десет години во Шпанија и Португалија немаше ниту една парохија, а денес во двете држави има 10 парохии, основани од Светиот Синод на Руската Православна Црква, и над 23 евхаристиски заедници. Владиката Инокентиј напомна за одговорноста на секое свештено лице за душите на паствата, подвлекувајќи ја неопходноста за вложување поголеми напори во парохиите и за проширување на територијата на која се одржуваат богослужби. Епископот Нестор со учесниците на соборот ги сподели впечатоците од своето учество на IV мисионерски собир, напомнувајќи дека современиот свештеник е должен да ги исползува сите можности за да допре до човекот, не очекувајќи дека тој самиот ќе дојде во црковниот храм. На соборот беа разгледани широк дијапазон на прашања: правење на сајт, детски летен камп, служење во затвори, почитување на старите светители од периодот пред да се подели Црквата на Православна и Римокатоличка. Следниот ден, на 21 ноември, денот кога се слави Соборот на свети Архистратиг Михаил и сите небесни и бестелесни Сили, архиепископот Инокентиј отслужи Божествена Литургија во Мадридската парохија посветена на Христовото Рождество, а Епископот Нестор во црквата на свети архангел Михаил во Алтеја.

Извор: Cerkov-ru.eu