Во Казахстан православното богослужение ќе се одржува и на казахстански јазик
 
 
 
 
 

Во Казахстан православното богослужение ќе се одржува и на казахстански јазик (26.11.2010)

Алмати. 25 ноември – Во православните храмови во Казахстан наскоро богослужењата ќе се одржуваат на два јазика.

„Во денешно време во Православната Црква во Казахстан се решава прашањето за употребата на казахстанскиот јазик во богослужбата“, - соопшти митрополитот Астанајски и Казахстански Александар.

Тој истакна дека веќе сега, во неодамна отворената духовна семинарија во Алмати, во задолжителната програма за обучување на идните пастири во образовниот процес влегува казахстанскиот јазик, а исто така се преведуваат основните богослужбени текстови.

„Наскоро во храмовите, во коишто се молат парохијани чиј мајчин јазик е казахстанскиот, ќе биде возможно одржување на богослужбите на два јазика – црковнословенски и литературен казахстански јазик“, - рече поглаварот на Митрополијата.

Според неговите зборови, на казахстански јазик ќе биде издадена духовна литература, а на тој јазик ќе функционира и официјалниот сајт на Митрополијата и ќе се произнесуваат проповеди.

Владиката напомна дека уште оваа година пасхалното послание на патријархот Московски и на цела Русија Кирил беше објавено и прочитано на двата јазика – руски и казахстански.

На 6 октомври, на седницата на Светиот Синод на Руската Православна Црква беа формирани три епархии во Република Казахстан: Карагандинска, Костанајска и Павлодарска, за кои исто така беа назначени надлежни архиереи. Митрополитот Астанајски и Казахстански Александар е поглавар на Митрополијата во Република Казахстан.

 

Извор: Interfax-religion.ru