Црква од 8 век откриена под вода во вештачко езеро во Грција
 
 
 
 
 

Црква од 8 век откриена под вода во вештачко езеро во Грција (04.02.2011)

Езерото Кремaста е најголемото вештачко езеро во Грција. Работата на неговото создавање траела од 1965 до 1969 година. Тоа покрива подрачје од 360 квадратни километри, на кои во 1965 година имало дваесет села со 2000 луѓе и десетина цркви и манастири.

Поради сето тоа што се наоѓа под водата, луѓето ова место денес го нарекуваат „Атлантида“. А она што се истакнува меѓу остатоците е византиска црква на Пресвета Богородица од 8 век, којашто денес ја истражуваат нуркачи-аматери.

Во мај 2008 година тие започнаа да истражуваат што се наоѓа под водата во езерото. Според зборовите на Христос Евтимиј, членот на одборот на Здружението на нуркачи-аматери „Титис“, тие открија црква на длабочина од 40 метри. Беа вчудоневидени дека црквата сѐ уште постои.

Архимандритот Дамаскин Василопулос, којшто пораснал во овој крај, вели: „Имав шест години кога водата покри сѐ и сѐ уште памтам како народот е оттргнуван од своите корени и преселен. Фактот дека црквата е сочувана на сите нас многу ни значи“.

 

                          

 

 

Извор: John Sanidopoulos.com