Срцето на Грузија
 
 
 
 
 

Срцето на Грузија (15.03.2011)

Грузиската Православна Црква е една од најстарите христијански Цркви во светот. Во 342 година христијанството стана државна религија во земјата. Овде, и покрај сите превирања во историјата, сочувани се мноштво прекрасни храмови, изградени уште во 4-6 век. Сложените политички услови практично никогаш не го ослабнале духовниот живот на грузискиот народ. Грузијците го сметаат Православието за свое главно наследство и го чуваат ова предание во секое семејство.

 

Мцхет

 

Светицховели (Животворен столб) е главниот соборен храм на Грузиската Православна Црква, во којашто се одржуваат сите значајни црковни случувања вклучувајќи ја и интронизацијата на патријархот. Храмот којшто до денес постои е подигнат во 1010-1029 година на местото на првата грузиска црква на Дванаесетте апостоли која пак била подигната на местото каде што бил закопан хитонот Господов.

 

  

 

 

Бодби

 

Бодбискиот манастир бил основан веднаш после упокојувањето на рамноапостолна Нина, во првата половина од 4 век. Тука се наоѓа нејзиниот гроб. Царевите на Грузија секогаш биле покровители на манастирот, којшто бил значаен центар за просветлување на народот. Во почетокот на 19 век манастирот е реконструиран и фрескописан. Во манастирот се чува една од најпознатите икони во Грузија – Богородица „Иверска“. За време на Втората светска војна и после неа манастирското здание се користело како болница. Медицинските сестри и некои пациенти тајно се молеле пред иконата, којашто случајно се сочувала во стариот храм, но властите, дознавајќи за тоа, со скалпер го исекле ликот на Мајката Божја. Сепак, луѓето ја сочувале иконата, која е позната по многубројни исцеленија.

 

     

 

  

 

       

 

   

 

       

 

  

 

Други манастири во Алазанската долина

 

Алазанската долина ја нарекуваат срце на Грузија. Тука се наоѓа не толку познатиот лозарски центар, но и главните живи грузиски манастири – Бодби, Греми, Алаверди, Шуамта, Некреси, чиишто жители веќе 10 години грижливо ги возобновуваат.

 

  

 

  

 

                              

 

   

 

                           

 

    

 

Абастумани

 

Абастумани е далечно местенце во планините, каде што туристите и поклониците ретко се упатуваат. Тука има слабоминерални термални извори вода кои се користат за лекување на разни болести. Очигледно затоа императорот Николај II направил тука во 1899 година летна резиденција за неговиот брат Геориј Александрович кој боледувал од туберкулоза. Во подигнатиот храм од тоа време се сочувани првите фрески од М.В. Нестеров, вклучувајќи ја и онаа на света Нина. Дрвениот дворец, каде што живеел великиот кнез Георгиј, изгоре во 2010 година, и сѐ уште не е познато дали ќе биде возобновен.

 

 

    

 

Варѕија

 

Варѕзија е пештерски манастирски комплекс во долината на реката Кур. Изграден е во втората половина од 12 век, за време на царувањето на Георгиј III и царицата Тамара. Во комплексот има повеќе од 300 пештери на 8 нивоа. Во главниот храм се сочувани оригинални фрески од 12 век.

 

 

 

 

Давид-Гареџи

 

Манастирскиoт комплекс Давид-Гареџи се состои од 20 места издлабени во карпи, во коишто се сместени неколку манастири. Најстариот од нив е лаврата на Давид, којашто е основана во почетокот на 6 век од сирискиот монах Давид, еден од 13-те сириски отци, којшто се доселил во природните пештери во Гареџи. Во 6 век неговите ученици Додо и Лукиан основале уште два манастири – Додо (Додос Рка) и Натлис-Мцемели (Свети Јован Крстител). Државната граница меѓу Грузија и Азербејџан денес го дели Давид-Гареџискиот манастирски комплекс на два дела.

 

 

       

 

                             

 

Известува: Православие.ру