Се одбележа 30-годишнината од упокојувањето на отец Серафим Роуз
 
 
 
 
 

Се одбележа 30-годишнината од упокојувањето на отец Серафим Роуз (06.09.2012 20:25)

Во неделата, 2 септември, во манастирот посветен на св. Герман Алјаски во Платина, во американската држава Калифорнија, се одбележа 30-годишнината од упокојувањето на јеромонахот Серафим Роуз. Отец Серафим, кој беше еден од основачите на оваа заедница, е познат ширум светот по своите бројни книги, како и по сведочењето на православната вера со својот живот.

Света Литургија на гробот на о. Серафим отслужи првоерархот на Руската Задгранична Црква Митрополитот Иларион, а му сосолужуваа Епископот Данаил од Бугарската Православна Црква и повеќе свештенослужители од Руската Задгранична Црква.

Во службата учествуваа и околу 200 поклоници од разни краеви на САД.

После Литургијата, тие кои лично го познаваа о. Серафим, ги споделија своите сеќавања. Митрополитот Иларион се потсети кога како тинејџер за првпат го имал во рацете списанието „Православен збор“, кое го основаа о. Серафим и неговиот собрат о. Герман. Исто така, зборуваше и за средбите со о. Серафим во Платина, и за нивните преписки.

 

Извор: Светигора