Во Естонија е поставен споменик на Патријархот Алексеј II
 
 
 
 
 

Во Естонија е поставен споменик на Патријархот Алексеј II (09.09.2012 09:24)

Во саботата, 8 август, во Талин свечено се откри споменикот на Патријархот Алексеј II. Тој се наоѓа кај православната црква во изградба, посветена на иконата на Пресвета Богородица Скоропослушничка.

Местото за споменикот на Патријархот Алексеј II не е избрано случајно. Патријархот се родил и живеел во Естонија и 30 години бил на чело на Талинската епархија. Парохјаните при храмот посветен на Александар Невски со голема топлина се сеќаваат на својот духовен улител.

Тој служеше во времето кога и во нашиот живот, и во нашата земја, дојде до големи промени и до расколи во Црквата, и кога нашата земја Естонија беше штотуку формирана. На работ на тие промени тој беше со нас. Затоа, кога тој стана Патријарх, за многумина тоа беше некаква врска и со Москва, и со Русија.

Во 1990 г. Алексеј стана Поглавар на сите Руски Православни Цркви. Притоа, тој и понатаму ја одржуваше врската со својот роден крај. Последната негова посета на Естонија беше во 2003 г. - се потсетува членот на Синодот на Естонската Православна Црква при Московската Патријаршија Сергеј Мјаник.

Во 2003 г. Патријархот го посети својот роден крај, сега знаеме дека таа посета била последна. Последниот ден од престојот го посетивме местото на идниот храм во Ласнамјае, а светиот Партијарх го освети камен-темелникот. Кога светиот Патријарх се упокои, практично веднаш беше иницирана идејата за подигнување на негов споменик. После одредено време градот Талин распиша конкурс за најдобар проект за споменик на Патријархот Алексеј II, кој би бил подигнат кај храмот, местото кое тој го освети.

Властите на Талин ја поддржаа желбата на верниците да го овековечат сеќавањето на Патријархот. Градското собрание од буџетот издвои околу 40 илјади евра за подигнување на монументот. На споменикот работеа скулпторот Александар Литвинов и архитектот Олег Жемчугов. Еве што рече во интервјуто за Гласот на Русија претставникот на градското собрание Лео Вајно: „Тој многу направи за на Руската Православна Црква да ѝ го врати правниот статус. Затоа месните руски жители го почитуваат сеќавањето на него, се гордеат со својот истакнат сонародник и Естонците. Тој е голема личност за Естонија, затоа споменикот на Патријархот на Руската Православна Црква во Естонија е сосем оправдан“.

На свечената церемонија на откривањето на споменикот присуствуваа илјада жители на Естонија. Многу ја изразуваа надежта дека во идните години ќе биде доградена и православната црква во чест на Богородица Скоропослушничка.

Извор: Светигора