Турција сака да го забрза отворањето на Богословското училиште во Халки
 
 
 
 
 

Турција сака да го забрза отворањето на Богословското училиште во Халки (31.01.2013 11:26)

На 28 јануари турскиот весник „Хуриет“ соопшти за желбата на турскиот премиер Р. Ердоган да го забрза процесот на отворањето на Богословското училиште на островот Халки, бидејќи ова нерешено прашање во односите меѓу националните и религиозни малцинства во земјата фрла сенка врз односите помеѓу Турција у ЕУ. Владата состави комисија, на чело со советникот на премиерот Ефкан Ал. Турската влада предлага училиштето во Халки да се отвори како факултет по религија при локалниот универзитет, а за декан да се определи еден од митрополитите на Константинополската Патријаршија. Ако во Турција се усвои законот, ќе се реши прашањето за отворањето на странски универзитети на нејзина територија и училиштето во Халки ќе може да работи како единица на некој од универзитетите во Грција, САД, или некоја друга држава. Сѐ уште не е решено на каков јазик ќе се одвива наставниот процес. Според информацијата на „Хуриет“, цитиран од Седмитца.ru, Константинаполската Патријаршија не се сложува училиштето во Халки да биде потчинето на Високиот совет за образование во Турција и тоа да биде вкличено во составот на некои од турските универзитети.

Извор: Двери.бг