Русија ја одбележува 400-годишнината на царската династија
 
 
 
 
 

Русија ја одбележува 400-годишнината на царската династија (22.02.2013 15:51)

Во Русија се одбележува 400-годишнината на династијата Романови, која владеела од 1613 до 1917 година. Во 1613 Зимскиот Собор (руски сталежно-претставнички орган) во Москва го избрал 16-годишниот болјар Михаил Романов за владетел.

Музејот во московскиот Кремљ за годишнината подготви факсимилно издание на ракописната книга од 16 век, посветена на овој настан. Овие денови во Санкт Петербург се одржа прославата во чест на 400-годишнината на династијата Романови. Во Петропавловската тврдина, во криптата на руските цареви, се отслужи парастос.

Извор: Светигора