Прв православен храм во Пакистан
 
 
 
 
 

Прв православен храм во Пакистан (14.06.2013 12:31)

Во тек е изградбата на првиот православен храм во Пакистан. Верниците се надеваат дека таа ќе биде завршена до октомври оваа година.

Мисијата на Константинополската Патријаршија е активна и во Пакистан од 2004 г. и ја покрива големата заедница во Лахор, Вазирабад и Хафизабад, како и во помалите заедници во Гаџранвал, Навабшах и Фајсалабад. На чело на мисијата е свештеникот Џон Тавнир, а има 550 верници, родум од Пакистан.

Извор: Светигора