Во Верија се одржаа свечености посветени на светиот апостол Павле
 
 
 
 
 

Во Верија се одржаа свечености посветени на светиот апостол Павле (02.07.2013 21:41)

На 26 јуни, во грчкиот град Верија, започнаа традиционалните свечености посветени на св. ап. Павле, во кои зедоа учество претставници на сите Помесни Православни Цркви.

Во рамките на прославата се одржува и меѓународен научен семинар на тема: „Власта и служењето според св. ап. Павле“. Форумот беше отворен со слово на Митрополитот на Верија Пантелејмон, а во него ќе земат учество и Лимасолскиот Митрополит Атанасиј, Митрополитот на Волос Игнатиј, како и претставници од Богословскиот факултет при Софискиот универзитет.

На 29 јуни, во соборната црква во Верија, со празнична соборна Света Литургија, на која сослужува и гостите од помесните Православни Цркви, беше одбележан празникот на св. ап. Петар и Павле. После Литургијата се одржа и Литија до местото, каде се претпоставува дека проповедал св. ап. Павле.

 

Извор: Двери.бг