Речиси третина од Русите поддржуваат возобновување на монархијата
 
 
 
 
 

Речиси третина од Русите поддржуваат возобновување на монархијата (14.11.2013 21:20)

Едно скорешно истражување покажа дека дури 28% од руските граѓани сакаат со нивната држава да владее цар, а 13% мислат дека на тронот би можел да биде поставен некој од актуелните политичари. Истражувањето било спроведено од Серускиот Центар за јавно мислење.

Резултатите беа објавени од претседателот на оваа организација, г. Валериј Федоров, по повод 400-годишнината на домот на Романови. Според него, 28% од испитаниците го поддржуваат возобновувањето на монархијата, или немаат ништо против тоа.

Истовремено, само шест проценти од нив посочиле дека современиот монарх мора да биде наследник на лозата на Романови. Сите поддржувачи на монахријата биле согласни дека новиот монарх треба да биде православен христијанин. 80% од сите испитаници мислат дека ниту една јавна фигура, или актуелен политичар не е достоен да ја носи оваа титула.

Сепак дури 67% од испитаниците се уверени дека Русија треба да ја остави монархијата во минатото, а 82% сметаат дека уставната република е најдобриот вид на власт со земјата.

Руската монархија потекнува од времето на владеењето на Иван IV (1547-1584), познат и како Иван Грозни. Тој е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, во 1547 година. Светиот Николај II Александрович Романов бил последниот цар на Русија и кнез на Финска. Со Царството владеел во периодот од 1894г. до својата абдикција во 1917 година, по што маченички пострадал од Болшевиците, во 1918 година.

Извор: Russia Today