Обраќање на Патријархот Кирил по повод денот на православната младина
 
 
 
 
 

Обраќање на Патријархот Кирил по повод денот на православната младина (17.02.2014 12:44)

Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил се обрати со послание по повод празнувањето на Денот на православната младина.

Драги браќа и сестри!

Срдечно ве поздравувам со празникот на Сретението Господово, во кој според традицијата го одбележуваме Денот на православната младина.

Некое време после раѓањето, Богомладенецот Исус, како што е напишано во законот (Лк. 2,23), бил донесен во Ерусалимскиот храм, каде што Го сретнал праведниот Симеон. Старецот, очекувајќи го доаѓањето на Месијата, со духовните очи во Детето го познал испратеното спасение и светлината за сите луѓе. Денешниов празник е симбол на жедта на човечкото срце кое што Го бара Бога, образ на нашата желба да бидеме секогаш со Христа.

Луѓето приоѓаат кон Него по разнични патишта и во различен период од својот живот. Многумина богатството на верата го наоѓаат во детските години и со сето срце сакаат да Го следат Спасителот, да ја исполнуваат Неговата волја, да се чуваат во чистота и целомудрие. Воедно во младоста човекот особено е подвргнат на различни влијанија, често погибелни за неговата незакрепната душа. Некои, поддавајќи се на тие влијанија, угодувајќи им на своите гревовни склоности и страсти, постепено се оддалечуваат од Бога и Црквата.

Моето слово денес е најпрвин е обратено кон младите луѓе. Чувајте го скапоценото богатство на верата, не го разменувајте за разни ситници од секојдневната суета, за минливите наслади и порочни задоволства. Просете и ќе ви биде дадено; барајте и ќе најдете. Отецот Небесен ќе им даде блага на оние кои просат од Него, – вели Христос (Матеј 7, 7-11). Искрено молете се на Бога, обраќајте се кон Него за помош, учете се вистински да ги љубите оние кои ве окружуваат, воспитувајте ја својата волја во добро. Тој е патот по кој човекот навистина станува силен и наоѓа вистинска среќа.

Уште еднаш ве поздравувам со овој празник, го призивам над вас благословот на Бог Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух.

Извор: patriarchia.ru