Канонизацијата на старец Паисиј ќе се случи во јули годинава
 
 
 
 
 

Канонизацијата на старец Паисиј ќе се случи во јули годинава (09.05.2014 09:31)

Прашање на време е кога Вселенската Патријаршија ќе канонизира две важни личности од современата црковна историја. Се работи за старец Паисиј Светогорец и старец Амфилохиј (Макрис) од Патмос, кои според информациите што ги пренесува грчката црковна агенција Dogma.gr најверојатно ќе бидат канонизирани ова лето.

Неофицијално, канонизацијата на старец Паисиј ќе се одржи во јули (најверојатно на 12 јули, денот кога во 1994 година на 70-годишна возраст се упокои светиот старец), додека онаа на старец Амфилохиј – во август.

Конечната и официјална одлука ќе биде донесена од Свештениот Синод на Вселенската Патријаршија.

Извор: Кое.мк