Отец Гаврил првиот македонски монах во Австралија награден од министерот за одбрана Кевин Ендрјус
 
 
 
 
 

Отец Гаврил првиот македонски монах во Австралија награден од министерот за одбрана Кевин Ендрјус (30.01.2015 13:18)

Првиот македонски монах во Австралиско-новозеландската епархија, отец Гаврил добил награда за денот на Австралија, за неговата мисија во Австралија, од Министерот за одбрана Кевин Ендрјус. Ова признание добива уште повеќе на тежина ако се знае дека отец Гаврил е спомнат во официјалниот говор на премиерот на Австралија, Тони Абот, по повод доделувањето на наградите за 20 годишнината од Денот на премиерот.

- Ние ги подржуваме сите членови на заедницата, како што е примерот со Отец Гаврил, за неговото служење во локалната епархија. Тој обезбеди 400.000 кои што беа наменети во хуманитарни цели. Со вакви примери докажуваме дека основната насока на нашата земја е не тоа што мора да го направиме, туку тоа што ќе избереме да правиме. Не тоа што го правиме за нас, туку тоа што го правиме за другите.

Отецот Гаврил, после покојниот архиепископ Михаил е вториот клирик на МПЦ кој добива меѓународно признание.

 

Извор: sitel.com.mk