Благодарствен молебен на гробот на свети Кирил во Рим
 
 
 
 
 

Благодарствен молебен на гробот на свети Кирил во Рим (06.06.2018 16:34)

На 24 мај 2018 година, на денот кога ги празнуваме светите рамноапостолни Кирил и Методиј, беше отслужен благодарствен молебен на гробот на свети Кирил во црквата на свети Климент во Рим. Со молебниот началствуваше Европскиот Митрополит г. Пимен во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф. На чинот присуствуваа премиерот на Р. Македонија г. Зоран Заев, премиерот на Р. Бугарија г. Бојко Борисов, министрите за внатрешни работи и култура г. Оливер Спасовскии, г. Роберт Алаѓозовски, претседателот на комисијата за односи со верските заедници г. Даријан Сотировски, претставници од Бугарската Православна Црква и бројни претставници на дипломатскиот кор и верниот македонски народ.

 

                        

Извор: Тетовско-гостиварска епархија