Се упокои Бугарскиот Патријарх Неофит беше 28. поглавар на БПЦ
 
 
 
 
 

Се упокои Бугарскиот Патријарх Неофит беше 28. поглавар на БПЦ (15.03.2024 10:25)

На 13.03.2024 година, по долго боледување, во Господа се упокои бугарскиот патријарх г.г. Неофит.

Патријархот Неофит беше роден на 15 октомври 1945 година во Софија. На 03.08.1975 година беше постижан за монах во Тројанскиот манастир. На 25 март 1976 година беше ракоположен во чин јеромонах, а архимандритски чин добива на 21 ноември 1977 година. На 8 декември 1985 година во патријаршиската катедрала „Свети Александар Невски“ беше ракоположен во епископски чин со титула Левкиски и беше назначен за втор викар на Софискиот митрополит.

На 27 март 1994 година беше избран за Доростоло-червенски митрополит. Во 2001 година на Петтиот црковно-народен собир беше решено да се подели Доростолско-червенската епархија на Русенска и Доростолска епархија, а Неофит беше назначен за Русенски митрополит.

На 24 февруари 2013 година беше избран за 28 патријарх на Бугарската православна црква.

Нека му е вечен споменот на блаженоупокоениот патријарх Бугарски Неофит и Господ Бог нека го вброи меѓу праведниците во Царството Небесно!