За молитвата
 
 
 
 
 

За молитвата (28.01.2015)

Лествицата на молитвата нема крај. Молитвата, во својот раст нема граници, затоа што со неа се соединуваме со Бог. И како што Бог, бидејќи е неограничен во светоста и возвишеноста на Своите својства, нема крај во добрината и светоста, така и молитвата, во својот духовен раст, се вознесува и нема граници.

И не е само молитвата неограничена, туку и сите добродетели кои се раѓаат од Бог се неограничени, токму затоа што се раѓаат од безграничниот Бог. Дали верата, или надежта, или љубовта, или, пак, милоста, сите се неограничени, бидејќи се раѓаат од Бог кај Кого нема граници во одбрината.

Значи, кога се молиме со устата, треба да знаете дека добро правиме, затоа што со тоа човекот почнува да се учи да се моли... Но кога се молиме се јазикот, устата (усните) тогаш сме на најниската скала од молитвата.

Треба да преминеме со својата молитва од јазик и уста на ум, затоа што за нашата душа, според св. Јован Дамаскин, својстени се умот и срцето. Умот постојано раѓа мисли. Мозокот е орудие на разумот, а срцето одрудие за чувства, духовни. Зашто, каде најпрво чувствуваш радост, гордост, страв? Зарем не во срцето? Гледаш ли дека чувствата на душата се наоѓаат во срцето?

Значи, сакам да ви кажам: кога се молиме со уста, се наоѓаме на почетокот од молитвата. Но ако јас со устата ја изговарам молитвата „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“, или „Оче наш“, или „Богородице Дево...“, или која било друга, ако ја соединувам со умот, таа веќе не се нарекува молитва на устата, туку преминува на втората скала, односно станува молитва на умот. А ако, пак, таа молитва ја однесеме до срцето – таа тогаш станува молитва на срцето, а тоа е повисоко скалило.

Дали молитвата на умот е совршена? Не. Ни молитвата на умот не е совршена. Молитвата на умот Боествените Отци ја нарекуваат половина молитва, или птица со едно крило, или молитва со една нога, затоа што ни молитвата на умот не е совршена. Потребно е уште нешто. Потребно е оваа молитва да ја пренесеме од поимањето на умот кон чувствувањето на срцето.

Кога ние ја изговараме молитвата со јазикот, ја поимаме со умот, и ја чувствуваме со срцето, таа станува движење на нашата душа. Таа молитва е многу посовршена, и се нарекува молитва на срцето...

Старец Клеопа