Евангелските заповеди им се дадени на сите луѓе
 
 
 
 
 

Евангелските заповеди им се дадени на сите луѓе (06.11.2015)

14 јануари 1868 година

 

            Пишувате дека во светот и во семејство е исклучително тешко да се оттргнеш од земното. И навистина е тешко. Но евангелските заповеди им се дадени на сите луѓе што живеат во светот, зашто тогаш немало ни монаси ни манастири. Сите христијани треба да го помнат словото Господово: „ Во светот ќе имате маки“. Истото е речено и во Делата апостолски: „Во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки “. Не е одредено со какви маки, туку општо – „многу“, зашто секој човек има свои маки, со оглед на неговата надворешна положба и внатрешно настроение и немоќ. Согласно тоа, еден мора да вкуси една вид жалост, а друг – друг вид. Но за сѐ Господ воспоставил едно општо правило: „Со трпение спасувајте си ги душите“, како и: „Кој претрпи докрај, ќе се спаси“.

 

Свети Амвросиј Оптински