За единството во бракот
 
 
 
 
 

За единството во бракот (02.12.2015)

Секоја жена треба да знае дека кога се наоѓа во некоја мака или тешкотија, во љубовта на својот маж секогаш ќе најде безопасно и тивко пристаниште. Таа треба да знае дека тој ќе ја разбере и многу внимателно ќе ѝ се обрати, ќе употреби сила за да ја заштити. Никогаш не смее да се сомнева во тоа дека во сите нејзини тешкотии тој ќе сочувствува со неа. Никогаш не треба да се плаши дека ќе наиде на резервираност или прекор кога ќе дојде кај него да побара заштита.

 

            Ако го почитуваш својот сопруг, и другиот е возвишен; а ако не, тогаш и другиот е понижен.

 

            Сопругот треба да се советува со својата жена за своите дела, планови, да ѝ се доверува. Можеби таа не се разбира во тие работи исто колку него, но можеби ќе знае да предложи нешто многу важно, зашто женската интуиција често заработува побрзо отколку машката логика. Но, дури и ако жената нема да може да му укаже помош во работата, љубовта кон него ја тера длабоко да се интересира за неговите грижи. И таа е среќна кога тој од неа бара совет, па така тие уште повеќе се зближуваат.

 

            Ако денот бил благопријатен, таа заедно со мажот ја споделува неговата радост, а ако бил несреќен, таа му помага, како верна жена, да ги преживее непријатностите.

 

            Рацете на мажот, вдахновени со љубов, би требало да можат да прават сè. Секој маж што љуби треба да има големо срце. Многумина што страдаат треба да најдат помош во вистинско семејство. Секој маж на жена – христијанка, треба да се соединува со неа во љубовта кон Христос. Од љубовта кон неа тој ќе помина низ искушенијата во верата. Споделувајќи го нејзиниот живот, исполнет со вера и молитви, и својот живот го сврзува со Небото. Обединувањето на земјата во општата вера во Христос, прелевањето на заемната љубов во љубов кон Бог – тие ќе бидат вечно соединети и на небото. Зошто на земјата срцата трошат години, сраснувајќи се во едно, испреплетувајќи ги своите животи, слевајќи се со душите во една целина која може да се достигне после гробот? Зошто веднаш не се стремиме кон вечноста?

 

            Не само што среќата во животот на мажот зависи од жената туку и развојот на неговиот карактер. Добрата жена – тоа е благослов од небото, најдобар дар за мажот, негов ангел и извор на неизбројни богатства: нејзиниот глас за него – најслатка музика; нејзината насмевка му го осветува денот; нејзиниот бакнеж – стража на неговата верност; нејзините раце – балсам на неговото здравје и целиот негов живот; нејзиното трудољубие – залог на неговата благосостојба; нејзината економичност – неговиот најнадежен управник; нејзините усни – најдобар негов советник; нејзините гради – најмеката перница на која се забораваат сите грижи, а нејзините молитви – негов застапник пред Господ.

 

Светата царица Александра Романова