Православните во Русија го одбележуваат празникот на светиот Владимир Покрстителот (28.07.2006)
На Урал стотици верни пристигнаа во Екатеринбург за да ја примат светата Тајна Крштение во реката Чусова, недалеку од храмот на кнезот Владимир. Овој обред се извршува тука веќе неколку години по ред, станувајќи традиција. Мнозинството на новокрстените се деца, без оглед на тоа што денес во Екатеринбург времето беше облачно, а водата во реката прилично студена. Известува: Blagovest-infoДенес православните во Русија го одбележаа празникот на светиот кнез Владимир, покрстителот на Русија. Во храмовите се одржуваа празнични богослужби.