Рускиот Патријарх Кирил прими делегација на Грузиската Православна Црква
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх Кирил прими делегација на Грузиската Православна Црква (03.07.2009)

Во среда, на 1 јули во патријаршиската работна резиденција се одржа средба на Рускиот патријарх Кирил со официјалната делегација на Грузиската Православна Црква, која пристигна во Москва на 30 јули.

Срдечно поздравувајќи ги гостите, Патријархот Кирил соопшти дека има добиено послание од Грузискиот Патријарх Илија II, во кое Поглаварот на Грузиската Православна Црква го известува дека делегацијата пристигна во Москва. „Се радувам на можноста да се обнови дијалогот кои успешно се оставрува во последно време – рече Патријархот Кирил. - Се надевам дека вашата посета во Москва ќе биде нов позитивен чекор на патот на развојот на братските односи меѓу нашите Цркви и на подобрувуање на односите меѓу нашите земји“.

„Денес Црквите се способни да одиграат улога на духовен мост, кој е неопходен да се сочуваат братските односи меѓу нашите народи“ – изјави архиепископот Иларион. – И двете Цркви се подготвени за таква соработка, постои спремност да се направи сè за возобновување на прекинатите врски“.

Извор: Патриархиа.ру